НБА ѕвезда заврши во полиција, возел пијан среде ноќ
Според информациите од полицијата, Брукс бил лишен од слобода околу два часот наутро, а од притвор бил пуштен околу час и половина подоцна часот.
Наводно, за време на постапката, крилниот кошаркар бил пристоен и соработувал со полицијата, па затоа брзо бил пуштен на слобода. Инаку, Брукс веќе неколку недели не настапува за Санс поради повреда на раката.
Актуелната сезона за Брукс е и најдобра во неговата кариера со просек од 20,9 поени, 3,7 скока и 1,8 асистенции по натпревар. Покрај, Феникс, досега беше дел уште од Мемфис и Хјстон.