Ќе биде бурно ако Италија пак остане без Мундијал, Буфон прв ќе замине

Поранешниот чувар на мрежата, а сега функционер во Фудбалскиот сојуз на Италија, Џанлуиџи Буфон, најави дека ќе поднесе оставка ако „Аѕурите“ не обезбедат пласман на Светското првенство оваа година.

Италија за точно 20 дена го почнува баражот за пласман на Мундијалот во кој Џенаро Гатузо најпрво ќе играат против Северна Ирска во полуфиналето, а доколку поминат, ќе се сретнат со подобриот од дуелот меѓу Босна и Херцеговина и Велс.

„Азурите“ важат за умерени фаворити, а Буфон се обиде да објасни колку е важно Италија по долги години отсуство да игра летово на Мундијалот.

„Ако Италија не оди на Светското првенство, ќе поднесам оставка. Јас сум првиот кој ќе ја превземе одговорноста за сè. Ќе се повлечам ако треба да се најде жртвен јарец. Ќе ги спакувам работите и ќе одам дома. Дали тоа е проблем? Какво е ова размислување? Ова ме излудува. Никој не се обидува да разбере дали некој е професионалец и дали има вистински вредности, дали е способен“, изјави Буфон.

Ќе потсетиме, Буфон за повеќе од две децении собра дури 176 натпревари за националниот тим, а најголемиот репрезентативен успех му беше освојувањето на Мундијалот во 2006 година.