Маестралната Ника Превц со нова победа сруши рекорд во Светскиот куп!
Таа победи и на вториот натпревар во финскиот град, како и ден претходно и на тој начин стигна до 16-та победа оваа сезона. Таа доминираше со убедлива предност пред двојната олимписка шампионка Ана Одине Стрём од Норвешка, додека третото место го освои Јапонката Нозоми Марујама. Натпреварот во Лахти, град околу еден час возење северно од Хелсинки, беше под знакот на потполна доминација на словенечката скокачка. Превц ја обезбеди победата со скокови од 130 и 128,5 метри, што ѝ донесе убедлива предност од 14,5 поени пред Стрём, додека Марујама заостана 29,9 поени.
Со овој триумф, Превц го собори рекордот за најмногу победи во една сезона во Светскиот куп за жени со што го надмина досегашниот рекорд на Сара Таканаши која во сезоната 2013/14 имаше 15 победи.