Реал Мадрид плачеше поради расизам, па доби казна за – расистичко навивање!
Инцидентите се случија на стадионот „Сантијаго Бернабеу“, каде дел од навивачите користеле пиротехника и упатувале расистички навреди кон играчи на гостинскиот тим. Иронијата е што токму на овој меч клубот порано испрати порака „Не за расизмот“, поради претходни инциденти на првиот меч во Лисабон.
Дисциплинската комисија на УЕФА изрече директна парична казна од 15.000 евра, како и условна казна од дополнителни 150.000 евра. Дополнително, клубот доби условна казна за затворање на дел од трибините, која ќе се примени само доколку се повтори сличен прекршок во наредната година.
ФОТО: EPA PHOTO