Циркус за многу пари: Мечевите на СП ќе бидат прекинувани за - емитување реклами!
Светското првенство (СП) ќе се игра во САД, Канада и Мексико, а според сегашните правила рекламите да не смеат да се прикажуваат во првите 20 секунди по судискиот сигнал за пауза. Телевизиските преноси, пак, мора повторно да се вклучат најмалку 30 секунди пред продолжувањето на играта, што практично остава нешто повеќе од две минути простор за рекламирање.
Телевизиите ќе можат сами да одлучат како ќе ја искористат паузата – дали ќе останат со директен пренос од теренот, ќе се префрлат во студио или ќе емитуваат рекламен блок. Доколку рекламите се прикажуваат паралелно со кадри од натпреварот, огласувачот мора да биде официјален партнер на ФИФА. Ако преносот целосно се прекине и се пушти класичен рекламен блок, телевизиите ќе можат да продаваат огласен простор на било кој огласувач.
Ваквата практика не е случајно воведена токму на турнирот што ќе се игра во Северна Америка, со оглед што телевизиските мрежи во САД се навикнати на рекламни прекини во спортови како кошарката и американскиот фудбал, па со години бараа сличен модел и за фудбалските натпревари. Иако ФИФА официјално ја претставува мерката како грижа за здравјето на играчите, паузите нема да зависат од временските услови или високите температури, туку ќе се применуваат на секој натпревар.
Поради тоа, дел од критичарите предупредуваат дека станува збор пред сè за нов рекламен формат кој може да донесе стотици милиони долари дополнителни приходи и постепено да го приближи фудбалот до моделот на американските спортови.
ФОТО: EPA PHOTO