Манасков потпиша за најдобриот тим во Австрија!

Мартин Манасков го договори својот прв интернационален предизвик, ќе го носи дресот на Алпла Хард од Австрија.

31-годишниот среден бек кој играше за Тиквеш, прави нов чекор во кариерата. Стави потпис на договор со лидерот во најдобрата австриска лига, Алпла Хард. Договорот е до крајот на сезоната.

„Случајно се отвори трансфер можност и завршив во Хард. Процесот беше брз, но ефикасен и немаше компликации. Благодарен сум за довербата од клубот. Ова го гледам како одлична можност да се тестирам себеси. Можам бргу да се адаптирам и многу сум мотивиран. Секогаш се обидувам да придонесам со позитивната енергија. Едвај чекам на овие следни неколку месеци“, изјави Манасков.

Тој во Тиквеш беше од 2023 година, кавадаречкиот клуб го ослободи за да го направи трансферот о Австрија. Манасков претхдно играше за Металург, Вардар јуниор, Пролет, Охрид и Бутел.