
Јунајтед се договорил со новиот тренер, треба само да ја плати отштетата за него!
Тој во разговорите со Манчестер јунајтед дискутирал за идниот проект, визијата и финансиските аспекти на евентуалениот договор. Аморим, наводно, бил задоволен од понуденото и ја прифатил понудата.
Според англиските медиуми, останува да се финализираат преговорите помеѓу Јунајтед и португалскиот првак, кои се очекува да завршат успешно. „Црвените ѓаволи“ ќе платат околу 10 милиони евра, колку што изнесува откупната клаузула во договорот на Аморим со составот од Лисабон.