Интер против Наполи ќе игра со дресови посветени на Астори (ФОТО)

Вечерва се игра големото дерби во италијанската Серија А, во кое ќе се соочат екипите на Интер и Наполи, а „нераѕурите“ одлучија да се појават во малку изменети дресови.

На социјалните мрежи се појави фотографија, на која може да се види дека Интер вечерва ќе треба да настапи во специјални дресови кои ќе бидат посветени на трагично починатиот капитен на Фиорентина, Давиде Астори.