Интер настрада од Луис Енрике, па го донесе - Луис Енрике

Една недела по дебаклот во финалето од Лигата на шампионите, Интер го договори второто засилување за новата сезона, а кое ќе има можност да игра и на претстојното Светско клупско првенство.

По Петар Сучиќ од Динамо, нов играч на „нераѕурите“ е бразилскиот фудбалер кој има идентично име како тренерот на ПСЖ од кого Интер беше прегазен во финалето од ЛШ. Станува збор за Луис Енрике Томаз де Лима кој доаѓа од Олимпик Марсеј за 23 милиони евра, плус два милиони преку бонуси, а потпиша договор на пет години.

Луис Енрике игра како десно крило, но може да се снајде и на спротивната страна и во офанзивна и дефанзивна улога што значи дека Кристијан Киву може да го користи на повеќе позиции во тимот. Во Марсеј играше од 2020 година, но во меѓувреме една сезона помина на позајмица во матичниот Ботафого каде ја почна професионалната кариера во 2019 година.