Интер го декласира Удинезе и се врати на врвот од Серија А (ВИДЕО)
Миланезите уште во првото полувреме ги решија сите дилеми околу победникот и тоа во само седум минути во кои постигнаа три гола. Стрелци беа Чалханоглу од пенал во 37. минута, Димарко пет минути подоцна на асистенција на турскиот интернационалец и Турам во 44. минута. Лаутаро Мартинез стави точка на голеадата со погодок во 84. минута со што дојде до дури 14. погодок сезонава во Серија А со што е убедливо лидер на листата стрелци со шест повеќе од првиот следбеник, Оливие Жиру од Милан.
Интер по 15 кола има 38 бодови, два повеќе од Јуве и дури девет од повеќе од градскиот ривал Милан.