Има 37 години, но сè уште воодушевува: Хулк постигна мајсторски гол со ножички (ВИДЕО)

Фудбалерите на Атлетико Минеиро синоќа триумфираа со 2-0 против Интернасионал во 25. коло од бразилската лига, а мечот го одбележа прекрасен гол на Хулк.

Хулк има 37 години, но очигледно се препороди во Бразил, каде што игра во неверојатна форма и ги воодушеви фановите.