Хетафе ја запре машинеријата на Реал Мадрид (ВИДЕО)

Реал Мадрид не успеа да го победи Хетафе (0-0) во 34. коло од шпанската Ла Лига, па остана на третата позиција со 65 бодови.

Во првото полувреме двете екипи имаа по неколку шанси, а дури во вторите 45 минути „кралевите“ успеаа посериозно да се заканат кон голот на Хетафе, но не успеаа да ја затресат нивната мрежа.

Реал Мадрид останува на третата позиција со 65 бодови, додека Хетафе се искачи на четврто место и ги очекува голема борба за освојување на позицијата, која обезбедува пласман во Лигата на шампиони.