Халанд е убиствен: Го „преспа“ речиси цело полувреме, ама постигна гол од првата шанса (ВИДЕО)
Стрелец на единствениот гол досега е Ерлинг Халанд кој дојде до 16. погодок во Премиер лигата сезонава. Норвежанецот стрелаше со глава во 41. минута по фантастичниот центаршут на Матеус Нуњес од десната страна.
Со ова Халанд покажа колку е убиствен кога ќе се најде во позиција за гол бидејќи претходно беше тотално невидлив на теренот. Статистичарите му изброија само осум контакти со топката до таа 41. минута од натпреварот.