Гвардиола не е импресиониран од Халанд: Најдобар е Меси! (ВИДЕО)

И покрај тоа што има 94 гола на 101 натпревар во дресот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд не успева да го импресионира својот менаџер Пеп Гвардиола.

По денешниот натпревар против Ипсвич, шпанскиот стручњак беше прашан дали Халанд е најкомплетен напаѓач кого го видел во животот. Гвардиола, сепак, не се збуни и повторно го даде истиот одговор.

„Најдобриот во историјата е Меси“, рече Гвардиола кој му беше тренер на аргентинскиот ас од 2008 до 2012 година во Барселона.

Халанд одлично ја почна новата сезона во Премиер лигата и по две одиграни кола веќе има четири постигнати гола.