Фудбалер на Ајнтрахт изедначи анти-рекорд и тоа во победата над Херта (ВИДЕО)

Екипата на Ајнтрахт најмалку до утре ќе биде лидер на табелата во Бундеслигата, откако вечерва, како гостин, убедливо ја совлада Херта (3-1) за прво место со вкупно четири бода.

Стрелци на погодоците за тимот од Франкфурт беа Андре Силва од пенал во 31. минута , Баст Дост во 37. минута и Роде во 71. минута. И четвртиот погодок беше дело на гостински фудбалер и тоа на Хинтерегер, кој со автогол влезе во историјата на германскиот шампионат, изедначувајќи го анти-рекордот со шест постигнати голови во сопствената мрежа.