Франкфурт освои бод на гости кај незгодниот Мајнц

Фудбалерите на Ајнтрахт Франкфурт одиграа 1-1 против Мајнц во 32. коло од Бундеслигата, а со тоа пропуштија можност на две кола пред крајот да го потврдат своето место во Лигата на шампиони (ЛШ).

Кристенсен беше стрелец на голот на Франкфурт во 16. минута, а Мајнц повторно покажа дека е незгоден ривал и по неколку добри шанси конечно погоди Буркарт во 57. минута.

Франкфурт има 56 бодови на третата позиција во Бундеслигата, додека Мајнц се наоѓа на седмото место со 48 поени.

Фото: Facebook/Eintracht Frankfurt