
Фрајбург ремизира со Леверкузен и го круниса Баерн за шампион!
Фрајбург поведе со гол на Егештајн во 44. минута од натпреварот, а водството го зголеми на стартот на второто полувреме кога Леверкузен си постигна автогол.
Вирц во 82. минута погоди за 1-2 и ја врати надежта на „фармацевтите“ дека можат да се спасат од пораз. Џонатан Тах успеа да погоди во третата минута од судиското надополнување (2-2), но Леверкузен немаше сила за трет гол.
Леверкузен со овој пораз остана на втората позиција со 68 бодови, односно девет помалку од Баерн на две кола пред крајот. Фрајбург со овој триумф стигна до 52 бода и се наоѓа на четвртото место во лигата.
Фото: EPA PHOTO