Ериксен за првпат по срцевиот удар се појави во Интер (ВИДЕО)

Данскиот фудбалер Кристијан Ериксен го посети Интер за првпат по срцевиот удар, кој го доживеа на почетокот на Европското првенство.

Ериксен се сретна со директорите на тимот, новиот тренер Симоне Инзаги, соиграчите и останатиот персонал на Интер.

Од Интер соопштија дека Ериксен се наоѓа во одлична физичка и психичка состојба и додадоа дека ќе работи според посебна програма, а на него ќе внимаваат доктори од Копенхаген.

Пред Ериксен се многу тестови, по што докторите ќе решат дали може да игра фудбал во Серија А.