Дортмунд го договори вториот најдобар стрелец во Бундеслигата

Германскиот гигант Борусија Дортмунд го засили нападот за следната сезона, откако потпиша договор со вториот најдобар стрелец во Бундеслигата за 2023/24, а тоа е Серху Гираси.

Гираси се сели во Дортмунд за сума од 17,5 милиони евра колку што изнесуваше откупната клаузула во неговиот договор со Штутгарт.

„Милионерите“ го следеа искусниот напаѓач во изминатите три месеци и конечно решија да ја активираат откупната клаузула.