Дадоа 45 милиони за да се глупира: Реаловиот Бразилец со идиотски потег го пропушта „ел класико“ (ВИДЕО)

Фудбалерот на Реал Мадрид, Родриго Силва де Гоеш, ќе го пропушти големотo „ел класико“ против Барселона и тоа поради непромислен потег.

Младиот Бразилец, кој минатото лето пристигна во „Кралскиот клуб“ за сума од 45 милиони евра, доби црвен картон во 88 минута играјќи за Реал Мадрид Б. На натпреварот против Рејес, Бразилецот постигна скандалозен гол додека гостинскиот играч беше повреден лежејќи на земја, а другите застанаа и чекаа мечот да биде прекинат. Голманот, по голот на Родриго, му се внесе на Бразиецот во лице, а овој му одговори со провокативен гест.

Таквиот потег судијата го казни со жолт картон, кој му беше втор на натпреварот, па мораше предвреме да замине во соблекувална. Со оглед на тоа што суспензиите се однесуваат и на првиот тим, тоа значи дека Родриго со сигурност нема да биде дел за дуелот против Барселона.

 

 

Инаку, Родриго во поголемиот дел од сезоната добиваше голема минутажа од страна на Зинедин Зидан, а постигна седум голови (18 натпревари).