
Црвен аларм во Ливерпул, Мегваер го реши дербито! (ВИДЕО)
Избраниците на Рубен Аморим одлично започнаа и уште во втората минута преку новото засилување, Брајан Мбуемо го отворија резултатот.
Во продолжение до крајот на првиот дел, Ливерпул тргна по израмнување, беше погодена и стативата од голот на гостите, сепак реализацијата изостана, па ѓаволите по првите 45 минути имаа водство од 0-1.
Слична беше сликата и во вториот дел, а израмнувањето стигна во 78. минута. Италијанецот Федерико Киеза беше асистент за Коди Гакпо кој стрелаше за 1-1.
Сепак, Јунајтед само шест минути подоцна дојде до ново водство и тоа преку Хари Мегваер кој на одличен начин реагираше по нафрлувањето од Бруно Фернандеш.
За Ливерпул ова е сериозен аларм бидејќи „црвените“ го претпea вкупно четвртиот пораз во низа и третиот во Премиер лигата. Тимот на Слот претходно беше поразен од Челси и Кристал палас во Премиер лигата и Галатасарај во Лигата на шампионите.