Скандал во Белгија: Албанец потсети на Тајсон, гризна Србин во бокс-меч! (ФОТО)

На бокс настанот во Белгија дојде до скандал во мечот помеѓу српскиот боксер, Ѓорѓе Стојковиќ и неговиот противник, Меритон Караџа кој има потекло од Албанија.

Кон средината на четвртата рунда, Караџа го гризна Стојковиќ за рамото, по што боксерот од Србија не ја продолжи борбаата.

„До моментот на прекинот, мечот беше одличен, а нашиот Ѓорѓе ја преземаше иницијативата и сигурно ќе оствареше уште една победа. Сојузот на професионален бокс на Србија ќе поднесе официјална жалба до белгиската боксерска федерација и ќе побара да се прегледа снимката од мечот и да се смени донесената одлука“, соопштија од Боксерската федерација на Србија.

Оваа сцена љубителите на боксот ги потсети на легендарната борба од 1997 година во која Мајк Тајсон го гризна увото на Ивандер Холифилд.