Херојот Мегваер: Навивачите ова долго го чекаа, немавме многу вакви денови!

Maнчестер јунајтед денеска успеа да слави победа во дербито против Ливерпул со 2-1, а херој беше Хари Мегваер кој погоди во завршницата.

Дефанзивецот по натпреварот сосема очекувано беше пресреќен и истакна дека овој триумф е и тоа како важен навивачите.

„Ова ни значи многу. Беа подобри од нас во минатите години и тоа не беше добро за клубот. Не им пруживме на навивачите многу вакви денови, долго чекаа да славиме победа тука. Ливерпул притискаше, но немаа многу шанси и се чувствуваме комфорно. Зад себе ги имавме и нашите навивачи кои и сега стравуваа од нов пораз, па затоа голот и победата се многу важни. Не се ова само три бода, седум години доаѓам на овој стадион и беше тешко што не можеме да победиме.

Потсет Мегваер дека сепак не смее оваа победа и предолго да се слави.

„Не смее ова да не понесе, не смееме да го дозволиме тоа како клуб, мораме да се вратиме веднаш на работа. Но, сигурно дека ќе ни биде голема мотивација“, изјави Мегавер.