Рајо го преслуша Леванте и излезе од кризата (ВИДЕО)

Екипата на Рајо Ваљекано вечерва стигна до победа од 3-0 над Леванте во деветото коло од шпанската Ла Лига.

Не доминираше премногу Рајо, но ги искористи своите шанси за на крајот да дојде до сигурен триумф. Резултатот го отвори Де Фрутос кој стрелаше по само 12 минути игра.

Две минути подоцна Алварез ја погоди мрежата на гостите, но тој гол беше поништен поради недозволена позиција. Се играше 25. минута кога Де Фрутос и вторпат се запиша во листата на стрелци. Во вториот дел Гарсија ги постави конечните 3-0.

За Рајо ова беше трет триум во сезоната и прв по пет нтпревари, со кој дојдоа до 11 бода и се наоѓаат на 10-тта позиција, Леванте е на 14-тата со осум бода.