
Aморим пресреќен: Моја најголема победа откако сум во Манчестер јунајтед!
Сепак, Португалецот потсети и дека тој и неговите фудбалери не смеат да слават премногу еуфорично бидејќи веќе од утре ќе мораат да продолжат да работат за следниот предизвик.
„Мислам дека ова е мојата најголема победа откако сум во Манчестер јунајтед. Денеска значи многу, но веќе утре нема да биде толку важно. На крајот, тоа се само три бода и една добра победа, Бевме борбени, се боревме за секоја топка. Во второто полувреме малку ја изгубивме концентрацијата, но духот беше присутен, а тоа е најважното. Кога имате дух, можете да победите. Беше убав ден, но сега веќе мислам на следниот меч со Брајтон. Ќе уживам кратко, но фокусот мора да остане на она што следува,“ изјави Португалецот по натпреварот.
Потенцираше Аморим и дека неговиот тим победил во исклучително тешка атмосфера.
„Знаевме колку овој меч е важен, колку ќе значат прекините и фактот што сега имаме повеќе искуство од почетокот на сезоната. Кога играте во ваква атмосфера и успеете добро да се организирате во одбраната, тогаш чувствувате дека тимот оди во вистинска насока.“, додаде стратегот на Јунајтед.