
Едно добро полувреме не беше доволно, пораз на ракометарките и од Словенија
Избраничките на селекторот Грчевски беа рамноправни само во првиот дел кога и на неколку пати имавме минимално водство. Сепак, на пауза словенечките ракометарки заминаа со предност од 12-11.
Изедначената игра продолжи само уште во почетните минути од вториот дел до 15-15. Тогаш Словенија започна да го трасира патот кон победата. Во финишот нашите девојки како и да снемаа сили па гостинските ракометарки направија и серија од осум гола разлика со која поведоа и со двоцифрена разлика (18-28).
Aрсениевска во нашите редови беше најефикасна со четири гола од шест обиди, додека Ангела Јанкуловска постигна три. На спротивната страна се истакан Нуса Фегиќ со шест погодоци. За Македонија не помогна и одличниот настап на голманката Драгана Петровска која собра 13 одбрани.
Во следното коло кое се игра на почетокот на идната година, Македонија ќе гостува на Белгија која исто така во првите две кола претрпе два порази.