ПМФЛ: Вардар и Шкендија фаворити за нови бодови во трката за титулата

На програмата денеска во ПМФЛ се два натпревари во кои фаворитската улога ќе ја имаат главните конкуренти за титулата, Вардар и Шкендија.

На домашен терен Вардар ќе игра против Македониај Ѓорче Петров и во овој натпревар сигурно сакаат да се вратат на победничките патеки. Во колото пред репрезентативната пауза Вардар изненадувачки загуби од Арсими и така дозволи Шкендија да го стигне на врвот.

Тетовци денеска исто така ќе имаат натпревар на свој терен во кој ќе го пречекаа битолски Пелистер. Ако Вардар и Шкендија се борат за титулата, ситуацијата на Пелистер е слична со онаа во редовите на Македонија Ѓорче Петров, двете екипи ги дели само бод и една позиција. Битолчани се 10-ти, додека тимот од Ѓорче е на деветтото место.

Така денеска се освен победа на двете водечки екипи во овие два дуели би се сметало за изненадување. Шкендија ќе го пречека Пелистер во терминот од 13:00 часот, додека дуелот во Скопје е закажан за од 15:30.