Охрид денеска пред полни трибини игра за европско полуфинале!

Денеска ракометарите на Охрид го играат еден од најважните натпревари во својата историја и во реваншот против Олимпијакос на свој терен ќе се обидат да го потврдат пласманот во полуфиналето од ЕХФ Европскиот куп.

Охрид од реваншот во Атина носи предност од пет гола и ако ја прикаже истата игра од пред една недела и денеска, нема дилеми дека ќе слави пласман помеѓу најдобрите четири во ова натпреварување.

Избраниците на Борис Ројевиќ ќе ја имаат и поддршка од трибините, салата е распродадена до последното место, па така исполнети се условите за вистински спектакл.

Пласманот во полуфиналето би бил најголем клупски успех за Охрид, но исто така би се придружиле и на екипите на Вардар, Пелистер и Алкалоид кои имаат европско полуфинале.

Ќе потсетиме, Алкалоид минатата година и го освои трофејот во ЕХФ Купот по случувањата против АЕК во финалето.

Натпреварот се игра во терминот од 18:00 часот.