
Леао го одведе Милан на врвот во Серија А (ВИДЕО)
Во првото полувреме речиси и да не видовме ништо, немаше ниту еден удар во рамките од голот, па така и остана почетниот резултат. Први до водство дојдоа гостите кога Робин Госенс во 55. минута се снајде во мешаницата во петерецот и ја погоди мрежата. Милан брзо се врати и преку Леао во 63. минута израмни на 1-1.
Одлучувачкиот момент се случи во 86. минута кога Милан доби пенал, а Леао го постигна својот втор гол на натпреварот.
🚨GOAL: Rafael Leao
— Goals Xtra (@GoalsXtra) October 19, 2025
Serie A | 🇮🇹 Milan 2-1 Fiorentinapic.twitter.com/MaHKdU8uOM
Со овој триумф Милан со 16 бода се искачи на врвот во Серија А, пред Интер, Наполи и Рома кои имааат бод помалку. Фиорентина е на 18-тата позиција со само три бода и без ниту еден триумф од стартот на сезоната.