„Тешко е кога ќе примите гол додека ваш фудбалер лежи на теренот“

Фудбалерите на Ливерпул денеска беа поразени во дербито против Манчестер јунајтед, а фудбалерот од средниот ред, Алек Мекалистер имаше забелешка и на начинот на кој неговиот тим го примил првиот гол.

Аргентинецот во моментите кога Манчестер јунајтед постигна гол за водство лежеше на тревата откако зааработи повреда по еден судар со неговиот соигрча, Вирџил Ван Дајк, сепак судијата Мајкл Оливер не го прекина натпреварот и остави играта да продолжи.

„Секогаш е тешко да се игра против тим што се брани длабоко и главно игра на долги топки. Уште потешко е кога ќе примиш гол уште во првата минута, додека еден играч лежи на земја. Ако пред натпреварот ми кажеевте дека против низок блок и толку многу долги топки ќе создадеме толку шанси, немаше да очекувам пораз. Но, токму тоа се случи. Имавме доволно прилики да постигнеме повеќе од еден гол, но пак примивме два, а еден од нив од прекин“, изјави Мекалистер.

Ќе потсетиме, победата за Манчестер јунајтед ја обезбеди, Хари Мегваер со гол во завршницата од средбата.