Aталанта остана непоразена и по седум кола во Серија А

Фудбалерите на Аталанта останаа непоразени и по седум кола откако вечерва ремизираа 0-0 во преметката со Лацио.

Аталанта е единсвената екипа во Италија без пораз, но имаат и пет нерешени средби, па поради тоа 11 бодови се наоѓаат на осмата позиција.

Во денешниот натпревар првата посериозна прилика ја имаа по 50 минути игра коа Лукман со глава шутираше над голот, а десетна минути подоцна се закани Хонест Ахаор. Во продолжение видовме и по уште некоја прилика на двете страни, но резултатот не се промени.

Лацио по седум натпревари е 12-ти со четири бода помалку од Аталанта.