
Фабрегас одговори на провокацијата: За мене тој е „господин Тудор“
Имено, Тудор го нарече Шпанецот, „тренерот на Комо“ , а со тоа што не го споменал неговото име за Италијанците тоа беше јасна провокација. По победата на својот тим, Фабрегас зборуваше на оваа тема.
„Игор Тудор ме нарече „тренерот на Комо“, за мене тој е „господин Тудор“. Тој е одличен тренер и води тим со голема историја. Кажа дека јас ги купувам сите свои играчи, можеби е погрешно информиран. Станува збор за голем тренер и работи со одлични фудбалери, Тудор со Јувентус секогаш мора да победува“, изјави Фабрегас.
Поразот за Јувентус беше четврти натпревар во кој „старата дама“ не победи, откако претходно ремизираа на три средби.