Челси е единствен тим со титули во сите натпреварувања во кои учествувал

Освен тоа што ги комплетира трофеите во натпреварувањата кои ги организира УЕФА, Челси од денеска е прв и единствен клуб кој триумфирал секаде каде што учествувал.

И тоа не се однесува само на елитните рангови, туку буквално се што се организира, а каде што настапил досега. Низ бројки, тоа изгледа вака: шест титули во Премиер лигата, осум во ФА Купот, пет во Лига купот, четири во англискиот Суперкуп, две во Втората лига на Англија, две во Лигата на шампионите, две во Купот на победниците на куповите, две во Лигата Европа/Куп на УЕФА, една во Конференциската лига, две во Суперкупот на УЕФА, една на Интерконтиненталниот куп и две во младинската Лига на шампиони.

Пред Челси сега е нов предизвик, да победи на Светското клупско првенство кое ќе се игра во јуни и јули за да ја продолжи низата.