Брајтон го урна Манчестер јунајтед! (ВИДЕО)

Манчестер јунајтед беше поразен во 37. коло во англиската Премиерлига од Брајтон со 1-0.

На самиот почеток на натпреварот, „црвените ѓаволи“ погодија преку Маруан Фелаини за 0-1, но помошниот судија го крена знаменцето и покажа дека било офсајд.

Гостите од Манчестер доминираа со топката во текот на целиот меч, но не успеаа да ја затресат противничката мрежа.

Во 57. минута се случуваше вистинска драма пред голот на Давид де Хеа, а Паскал Грос испрати еден удар, кој одбранбените играчи го расчистија од гол-линијата, поточно тие така мислеа, но главниот судија благодарение на гол-технологијата кажа дека топката ја преминала линијата и дека влегла во голот.

Благодарение на оваа победа, Брајтон напредуваше за три позиции, па сега се наоѓа на 11. место на табелата.