„Бернабеу“ им се поклони на Анчелоти и Модриќ: Реал ја заврши сезоната со триумф (ФОТО)
Головите за победа на „кралскиот клуб“ ги постигна Килијан Мбапе во 38. минута и 84. минута, со што го презема и првото место во трката за „Златната копачка“.
На почетокот на натпреварот беа истакнати и транспаренти на трибините со кои навивачите им се заблагодарија на Анчелоти и Модриќ, при што италијанскиот стратег пушти и солзи.
Реал ја завршува сезоната на втората позиција со 84 бодови, откако претходно Барселона ја освои шампионската титула.