Белингам доби црвен картон, Дортмунд освои бод против Фрајбург
„Милионерите“ први постигнаа гол за водство од 1-0 во 31. минута кога Бенсебаини стрелаше во мрежата на Фрајбург.
Проблемите за гостите од Дортмунд почнаа во 53. минута, кога Џоб Белингам доби директен црвен картон, по што Холер во 75. минута погоди за 1-1.
Фрајбург постигна и втор гол преку Матановиќ, но истиот беше поништен од ВАР-технологијата поради офсајд.