Барселона го потврди новиот голман кој доаѓа од големиот градски ривал Еспањол!

Барселона за 25 милиони евра го купи 24 годишниот голман на Еспањол, Жоан Гарсија кој стави потпис на шестгодишен договор.

Каталонскиот гигант има нов голман и тоа купен од ривалот Еспањол.

„Барселона ја активираше откупната клаузула на играчот Жоан Гарсија која изнесуваше 25 милиони евра. Фудбалерот потпиша договор со клубот на шест години кој завршува во јуни 2031“, се вели во соопштението на Барселона.