Барса оштетена против Осасуна - ВАР неправедно ѝ го поништи голот? (ФОТО)
Шпанскиот репрезентативец не беше во нерегуларна позиција, но голот беше поништен поради тоа при снимката било утврдено дека во офсајд се наоѓал Рафиња на почетокот на акцијата. Фотографијата која беше пуштена како објаснување за ситуацијата е, најблаго речено, смешна бидејќи се гледа дека линиите не се повлечени регуларно, а тоа го потенцира и поранешниот шпански судија Естрада Фернандез.

„За мене, оваа фотографија не е точно и буди многу сомнежи. Прво, мора да се има предвид каде се наоѓале играчите на Осасуна, а на фотографијата ги нема. Исто така, линијата што е повлечена не е паралелна со гол-аут линијата. Технологијата треба да ни овозможи вистинска слика, а ова е одвратно“, вели Естрада.
Којзнае каква ќе беше реакцијата од Каталонија ако Барселона по некоја случајност не ја победеше Осасуна. Контроверзи спречи Рафиња кој во второто полувреме постигна два гола и индиректно ги спаси судиите од лавина критики.