
Баерн ќе има активен јануарски преоден рок - некои работи мора да се поправат!
Баварците играат променливо оваа сезона, досега имаа две големи разочарување, првото елиминацијата од Купот на Германија при пораз од третолигаш, втората вчера кога загубија со 5-1 кај Ајнтрахт.
„Јасно е дека јануарскиот преоден рок нема да биде досаден во Баерн Минхен. Многу работи ќе се случат“, најави директорот Фреунд.
Очекувањата се дека Баварците ќе комплетираат две-три засилувања во јануари.