Атлетико Мадрид им се врати на победите (ВИДЕО)
Момците на Симеоне имаа одлично прво полувреме, а тоа го најави Гризман уште во шестата минута, но неговиот погодок беше поништен од ВАР поради офсајд.
Сепак само десет минути подоцна Гризман асистираше до Мората кој донесе водство од 1-0, а веќе во 22. минута Кореа погоди за предност од 2-0.
Алмерија се врати во живот во 62. минута со гол на Лео Баптистао, намалување на 2-1 за поинтересен финиш, но тоа беше се што нпаравија гостите.