
Арне Слот - менаџер на годината во Англија
Оваа сезона беше прва за него во Премиер лигата и воопшто во англискиот фудбал, а во неа ја освои шампионската титулата и признанието што го доби е апсолутно заслужено.
„Членовите на Асоцијацијата му оддадоа почит на Арне Слот за својата неверојатна ролја во екипата, водејќи го тимот до титулата во Премиер лигата во дебитантската сезона“, изјави извршниот директор на организацијата.
Слот не присуствуваше на церемонијата што се одржа синоќа, од почит кон 65. повредени во нападот што се случи за време на прославата на шампионската титула на Ливерпул во понеделникот.