Емотивен ден на Ролан Гарос: Синер го испрати Гаске во пензија (ВИДЕО)

Првиот тенисер во светот, Јаник Синер триумфира против легендарниот Ришар Гаске со 3-0 во сетови, односно 6-3, 6-0 и 6-4 со што го испрати Французинот во пензија.

Гаске не можеше да му парира на талентираниот Италијанец, кој лесно го освои првиот сет со 6-3, а уште полесно го доби вториот со убедливи 6-0, додека во третиот немаше дилема дека Синер заслужи место во следното коло.

Французинот во кариерата највисоко стигна до седмата позиција, и тоа на 9 јули 2007 година, а кариерата ја завршува со 16 титули во сингл-конкуренција, односно 610 победи и 408 порази. Најголем успех на гренслем-турнирите имаше на Вимблдон и Ју-Ес Опен, каде што стигна најмногу до полуфиналето.

Синер во следното коло ќе се пресмета против Јиржи Лехечка од Чешка.

Фото: EPA PHOTO