
Мурињо: Мило ми е што Интер нема да ја освои тројната круна!
Мурињо во 2010 година оствари историски успех и ја освои тројната круна со „нераѕурите“, а призна дека се плашел од идентично сценарио оваа сезона, меѓутоа на крајот му било мило што тоа нема да се оствари.
„Ќе бидам злобен, но максимално искрен. Се загрижив кога видов дека Интер може да ја освои тројната круна. Не сакав да го направат тоа, тројната титула е моја. Сега кога ги изгубија првенството и Купот на Италија, сакам да ја освојат Лигата на шампиони“, вели Мурињо.
Фото: Facebook/Fenerbahçe