Ѓоковиќ со ултиматум до Ролан Гарос: Не сакам да играм во сабота – има финале на ЛШ!

Новак Ѓоковиќ, тројниот победник на Ролан Гарос, побара од организаторот на гренслем-турнирот мечот од третата рунда да не го игра в сабота, бидејќи сака да го следи финалето од Лигата на шампионите меѓу Интер и ПСЖ.

Српскиот тенисер ја обезбеди својата влезница за третото коло со победа над Французинот Корентен Муте (6-3, 6-2, 7-6), а него следен ривал е Филип Мишолич. Ѓоковиќ стравува дека тој меч би можел да се поклопи со фудбалскиот спектакл во Париз.

„Ќе навивам за ПСЖ. Се надевам дека нема да играм вечерен термин“, изјави Ѓоковиќ со насмевка по победата, алудирајќи на распоредот на турнирот.

Србинот, сепак, не бара поместување само за гледање ЛШ туку и поради здравствените проблеми – поради плускавец на левата нога мораше да прими медицинска помош во вториот сет. Сепак, истакна дека е во добра форма и дека ќе има доволно време за опоравување до следниот натпревар, бидејќи гренд слем турнирите обезбедуваат ден одмор меѓу мечевите.

Ѓоковиќ со ова ја продолжи серијата победи, откако минатата недела ја освои 100-тата титула во АТП конкуренцијата на турнирот во Женева. На Ролан Гарос, тој се бори за рекордна 25-та гренд слем титула и прва по освојувањето на УС Опен во 2023 година.