Двојна победа на Мекларен во квалификациите во Барселона

Оскар Пјастри ја освои пол-позицијата на денешните квалификации пред трката за Големата награда на Каталонија.

За него ова е четврта пол-позиција оваа сезона, а до неа дојде со две десетинки побрзо време од својот тимски колега Ландо Норис. Тоа значи дека првиот ред на утрешниот старт ќе биде резервиран за двајцата возачи на Мекларен кои ги одбележаа квалификациите.

На третото место заврши четирикратниот и актуелен светски шампион Макс Ферстапен кој задоцни за три десетинки, додека зад него завршија Џорџ Расел од Мерцедес и Луис Хамилтон од Ферари.