Убедлив пораз на македонските кошаркарки на гостувањето кај Грција
Грција тргна моќно во натпреварот и првата четвртина ја доби со убедливи 29-7, додека Македонија даде поголем отпор во следните 10 минути, но нашиот јужен сосед го зголеми водството и замина на паузата со 49-22.
Македонија во третата четвртина постигна само пет поени, додека Грција ја контролираше играта и продолжи да ја зголемува предноста до конечни 101-47.
Најефикасна во редовите на Македонија беше Хемпе со 21 поен, додека Фасоула и Кримили запишаа по 18 поени за Грција.
Нашата репрезентација има една победа и четири порази по пет одиграни кола во квалификациите.