Брера падна во завршницата: Закариќ од пенал го израдува Вардар (ФОТО+ВИДЕО)

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар триумфира против Брера Струмица со 1-0 во 23. коло од Првата лига.

Вардар ја контролираше играта и од самиот почеток го нападна голот на гостите, но Брера успешно се бранеше и ја чекаше својата шанса да возврати преку контра-напад. „Црвено-црните“ се заканија неколку пати кон голот на Диковски во првиот дел, но голманот на струмичани беше на висина на задачата.

Вардар вршеше притисок во текот на цело второ полувреме, по што во 94. минута скопскиот тим доби удар од белата точка кој го реализираше Закариќ за победа од 1-0.

Скопскиот тим со оваа победа стигна до 58 поени во Првата лига, додека зад нив е Шкендија со 52 бодови, но и одигран еден меч помалку од ривалот во трката за титулата.