
Контроверзната алжирка боксерка доби забрана за настап додека не се тестира дали е жена
Одлуката доаѓа неполна година откако Келиф освои златен медал до 66 килограми на Олимписките игри во Париз, а многумина последнава одлука ја сметаат како директен одговор на контроверзите кои го следеа нејзиниот настап. Келиф и лани беше во центарот на вниманието кога Меѓународната боксерска организација (ИБА) ѝ забрани да учествува на Игрите поради сомнеж дека поседува машки хромозоми, но и покрај таа забрана, организаторите на Олимписките игри формираа ново тело кое, сепак, ѝ овозможи настап, а таа на крајот го освои златниот медал.
До Боксерскиот сојуз на Алжир стигна официјално известување во кое се наведува дека Келиф нема да може да се натпреварува на претстојниот меѓународен турнир во холандскиот Ајндховен кој почнува на 5 јуни. Настапот ѝ е забранет додека не се согласи на тестирање, а таа лани изјави дека од принцип нема да прифати такво нешто.