
Финале за Ѓорческа, ќе се бори за пехарот во Куршумлијска бања!
Македонката која е втора носителка на турнирот, добро го почна денешниот меч, го доби првиот сет со 6-2.
Во вториот Куламбајева врати со иста мера, со 6-2 изедначи на 1-1. А во третиот, решавачки сет Ѓорческа беше подобра со 6-3 и го доби мечот со 2-1 во сетови.
Лина во финалето ќе игра против грчката тенисерка Марта Матоула која е седма носителка на турнирот. А денешното полуфинале го доби откако противничката предаде.