
Ѓер е прв финалист во Лигата на шампионите - утре ќе ја брани титулата
Сценариото е слично како лани бидејќи и тогаш во полуфиналниот меч се сретнаа овие две екипи и исто така беше подобар унгарскиот тим, со еден гол разлика. Попладнево Ѓер го диктираше темпото, ниеднаш не се најде во негатива, а цело второ полувреме беше во водство.
Највисокото изнесуваше четири разлика (19-15) на стартот од второто полувреме, Есбјерг нешто подоцна се доближи на еден гол негатива и тоа во неколку наврати, но не успеа целосно да ја анулира.
Хусхер со седум гола беше најефикасна во победничкиот тим, Нзе Минко постигна пет, а Хе и Дале по четири. Кај Есбјерг, Реистад исто така имаше седум гола. Утре Ѓер ќе се бори за седмата титула во Лигата на шампионите, а противник ќе му биде подобриот од дуелот меѓу Мец и Оденсе.
фото: EPA Photo